петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 143
home Вести

Османи: Реториката на Заев во кампањата беше погрешна, не му донесе повеќе гласови

Османи: Реториката на Заев во кампањата беше погрешна, не му донесе повеќе гласови

Бујар Османи од ДУИ за „Топ Тема“ на Телма коментираше за предизборната реторика на Зоран Заев. Тој рече дека таа реторика била погрешна, и дека не му донела повеќе гласови како што очекувал.

„Жалиме за таа реторика која не беше провоцирана од нас, и не беше коректна кон партнери во изминатите три години, но тоа е предизборна реторика. Јас мислам дека беше некоја стратегија за собирање на гласови која се покажа како неуспешна. Треба да се анализира кој ја дал таа идеја. Ние гледаме напред, кампањата заврши, во една таква кампања ќе бидеме погласни за да се докажеме пред граѓаните“, рече Османи.

Коронавирус