вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Османи пред Венецијанска ќе ја брани позицијата на владата дека Законот за јазиците „е автентична рефлексија на Рамковниот“

Османи пред Венецијанска ќе ја брани позицијата на владата дека Законот за јазиците „е автентична рефлексија на Рамковниот“

Вицепремиерот Бујар Османи од Самитот во Лондон оди во Венеција каде, како што напиша на Фејсбук, ќе ги брани позициите на владата за Законот за јазиците.

– На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот договор но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава – напиша Османи.

Венецијанската комисија излезез со забелешки за Законот за јазиците. Во мислењето се вели и дека многу од одредбите на Законот ги надминуваат европските стандарди дефинирани особено во Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства и Европската повелба за регионални и малцински јазици, но дека истото е за пофалба.

Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена, беа укажувањата на Венецијанската комисија.

Коронавирус