четврток, 20. јуни 2019. Вести денес: 89
home Вести

Османи: Одлуката на Пендаровски не вознемири сите и го стави во сенка вчерашниот ден кога во собранието се донесоа реформите на безбедносните служби

Османи: Одлуката на Пендаровски не вознемири сите и го стави во сенка вчерашниот ден кога во собранието се донесоа реформите на безбедносните служби

Вчерашната одлука на претседателот Пендаровски за назначување на директор на Агенцијата за разузнавање не вознемири сите и стави сенка на вчерашниот ден кога собранието ја донесе реформата на безбедносните служби, вели Бујар Османи во изјавата дадена за медиумите.

-Нашите информации се дека одлуката е донесена врз недоволни информации и дека е незлонамерна, меѓутоа ставот на ДУИ, тука зборувам како портпарол на ДУИ е дека додека не се расветлат до крај кумановските настани, ниту еден човек кој што бил дел од службите на Иванов не треба на чело на таквите сензитивни институции и затоа очекуваме дека во овој период претседателот ќе собере повеќе информации и ќе рефлектира по однос на неговата одлука, рече Османи.