среда, 27. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Османи: Нема одговор на нашиот нон пејпер!

Османи: Нема одговор на нашиот нон пејпер!

Софија сеуште не одговорила на нон пејперот, но шефот на дипломатијата Бујар Османи најави дека разговорите со Бугарија ќе продолжат по празниците..

Комуникацијата со Бугарија продолжува и покрај ветото, а периодот кој следува треба да се искористи за внатрешна рефлексија – порача министерот за надворешни работи Бујар Османи, прашан за односите со нашиот источен сосед во последниов период. Османи додаде и дека се уште нема одговор од официјална Софија за Нон-пејперот кој специјалниот претставник на земјава Владо Бучковски го достави до Борисов пред неколку недели.

Прашан пак за последните пораки од неговата бугарска колешка Захариева дека Бугарија не е осамена во нејзините позиции за Македонија, Османи вели дека земјава ужива апсолутна поддршка од сите членки на Унијата, што според него, е дополнителен поттик за евроинтегративните процеси на земјава. Во тој контекст, поддршка за почеток на преговори упатија и високиот американски дипломат Филип Рикер, како и американската амбасадорка во земјава Кејт Брнз

Двајцата американски дипломати беа дел од денешната промоција на поштенска марка во чест на 25 години од воспоставувањето на дипломатски односи меѓу Македонија и САД. Македонија и САД како што порачаа тие, изминале доста во минатото, а сојузништво се потврдило и со влезот на земјава во НАТО.

Најнови вести

Коронавирус