вторник, 11. мај 2021. Вести денес: 58
home Вести

Османи на средба со Могерини во Брисел

Османи на средба со Могерини во Брисел

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска во Брисел ќе има средба со високата претставничка на Европската унија за надворешни работи и безбедносна политика и потпретседателката на Европската комисија Федерика Могерини.

Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, Османи ќе го презентира напредокот во имплементацијата на Планот 3-6-9, како и напредокот во отстранувањето на останатите политички пречки на евроинтегративниот пат на Македонија.

Средбата Османи – Могерини се одржува во пресрет на 17 април, кога Македонија треба да го добие Извештајот од Европската комисија за состојбите и напредокот.

Османи во Брисел ќе оствари средби и со други високи претставници на ЕУ меѓу кои и директорката на одделот за Западен Балкан во рамките на Директоратот за проширување Геновева Руиз Калавера и холандскиот европратеник Ханс Ван Баален кој ја предводи групата „Пријатели на Македонија” во Европскиот парламент.

Коронавирус