четврток, 3. декември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Османи на средба со членовите на ДКСК, тема претстојните избори

Османи на средба со членовите на ДКСК, тема претстојните избори

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи денеска во рамките на средби со претставниците на државните институции задолжени за спроведување на изборите ќе се сретне со членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата.

– Делегација од Секретаријатот за европски прашања предводена вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи, ќе остари средба со делегацијата на Државната комисија за спречување на корупцијата предводена од претседателката на Комисијата Билјана Ивановска. Оваа средба е дел од серијата институционални средби на Османи со претставници на  институциите задолжени за спроведување на изборите, се вели во соопштението од Секретаријатот за европски прашања.

Целта на средбата, како што посочуваат од СЕП, е остварување на обврската за фер, слободни и компетитивни избори како дел од европската агенда на државата.

Вчера Османи имаше средба со членовите и претседателот на Државната изборна комисија. Османи и претседателот на ДИК Оливер Дерковски од седиштето на Државната изборна комисија упатија порака до сите учесници на претстојните парламентарни избори за важноста од организирање на фер, демократски и слободни избори, имајќи предвид дека земјата треба да добие датум за почеток на преговори.

Коронавирус