среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 171
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Вести

Османи на неформален министерски состанок на НАТО во Берлин

Османи на неформален министерски состанок на НАТО во Берлин

Шефот на дипломатијата Бујар Османи утре и задутре ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешните работи на земјите членки на НАТО, што ќе се одржи во Берлин.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе биде руската воена инвазија во Украина, можните импликации од војната врз сојузниците, вклучително и безбедносните ризици и идната одбранбена поставеност на НАТО, како и претстојниот самит на лидерите во Мадрид.

На состанокот се поканети да учествуваат и министрите за надворешни работи на Финска и Шведска, кои ќе информираат за најновиот развој на настаните, придобивките и импликациите врзани со можното идно членство на овие две земји во Алијансата.

На маргините на состанокот, се очекува Османи да оствари билатерални средби со министрите за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба и на Црна Гора, Ранко Кривокапиќ, како и со други колеги.  (МИА)

Коронавирус