недела, 19. септември 2021. Вести денес: 66
home Вести

Османи молчи околу тврдењата на Николоски дека намерно ги закочува реформите во Република Македонија за да и помогне на Албанија

Николоски во гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија постави директно прашање до Бујар Османи, кој раководи со секторот за Евро интеграции во Владата.
Османи молчи околу тврдењата на Николоски дека намерно ги закочува реформите во Република Македонија за да и помогне на Албанија

Вицепремиерот за евро интеграции во владата на Република Македонија, Бујар Османи без одговор околу тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, дека тој во договор со министерот за надворешни работи на Албанија, намерно ги кочи реформите во Македонија, за овие да бидат во ист пак во евро интеграциите.

Николоски во гостувањето во „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија постави директно прашање до Бујар Османи, кој раководи со секторот за Евро интеграции во Владата.

-Сакам да го прашам дали е вистина дека има договор со министерот за надворешни работи на Албанија, Бушати, да намерно се успоруваат реформите во Република Македонија, со цел катастрофалното ниво на реформи на Албанија да не е толку забележително и Македонија и Албанија да бидат во исти пакет во делот евро интеграциите, Николоски го праша Османи.

Тој го праша и дали му е помило Македонија да неуспешна за помалку да понеуспешна Албанија или би му било помило Македонија да напредува.

Од редакцијата на Канал 5 телевизија се обиделе да стапат во контакт со вицепремиерот Османи, но овој обид поминал без успех. Од неговиот кабинет им било кажано прашањата да ги пратат преку мејл, но одговор на прашањата нема.

Николовски  до објасни дека постојат неформални групи кои лобираат земјите од Западен Балкан во парови да ги преговори за членство во ЕУ. Првите се Србија и Црна Гора, втората земја би била Македонија и третата група Албанија, Косово и Босна и Херцеговина. Македонија, под услов да се реши спорот со Грција треба да го фати приклучокот со Србија и Црна Гора, но за тоа треба да се завршат и работите од планот 3-6-9.

Според изворот на Николовски кој не сака да го открие, но бил повеќе од кредибилен, се правело обид реформите во земјава да се закочат, со што би се релативизирало доцнењето на реформите и во Албанија, поради тоа што двете земји заедно подоцна би ги почнале преговорите со ЕУ.

Со ова Албанија би се тргнала од групата со Косово и Босна и Херцеговина. Така според Николовски се објаснува зошто повеќе од  пола од планот 3-6-9 не е реализиран и во делот каде што можат реформи да се направат и без опозицијата, како во делот за борба против корупцијата.

Како доказ дека овој таен договор функционира се наведува и случката кога Бујар Османи на своја рака одлучи да не патува во Босна на конференција каде што требаше да ја претставува земјава, само поради тоа што таму не било покането и Косово.

Коронавирус