понеделник, 17. февруари 2020. Вести денес: 0
home Вести

Османи контра Заев: Законот за јазици останува ист или ќе се менува ама со консензус

Османи контра Заев: Законот за јазици останува ист или ќе се менува ама со консензус

Законот за јазици нема да се чепка, какви и да бидат конечните забелешки од Венецијанската Комисија. Вицепремиерот Османи контра уверувањата на премиерот и ресорната министерка дека сите препораки ќе се имплементираат, вели измени може да има но само со консензус, кој на Илинденска, очигледно го немаат, јавува АЛФА.

Не само што имаат дијаметрално спротивставени ставови на Илинденска за двојазичноста, Владата побара и одложување на одлуката на Венецијанската Комисија, па експертите наместо месецов, конечната одлука ќе ја носат во декември. Сериозните забелешки велат дека примената на двојазичноста може да го сруши целиот правен систем.

-Според мислењето на Венецијанската комисија, во одредени области законот оди премногу далеку наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки …Под сегашни околности, доколку се применува целосно законот, тој значително ќе го забави функционирањето на целиот судски систем, со што ќе се доведе во опасност сериозно нарушување на правото на фер судење загарантирано со Европската конвенција за човекови права.“, стои во забелешките.

Меѓународното тело е децидно дека целиот закон е неприменлив, скап и надвор од европските практики. Комисијата предлага клучните членови да претрпат драстични измени, но и детално да се преиспита причината поради која е сменет законот од 2008 година.