среда, 2. декември 2020. Вести денес: 16
home Вести

Османи: Кога ќе почне неселективното рушење на дивоградбите, прва ќе биде дивоградбата на Нефи Усеини

Османи: Кога ќе почне неселективното рушење на дивоградбите, прва ќе биде дивоградбата на Нефи Усеини

Вицепремиерот, Бујар Османи, изјави дека денеска од ДУИ била воспоставена комуникација со Охрид, по инцидентот завчера кога советникот на ДУИ во oпштина Охрид, Нефи Усени, нападнал професор и жител на Охрид затоа што пријавилe див приклучок на водоводната мрежа.

-Одговорот што го добивме од таму беше дека доколку се почне со неселективно рушење на дивоградбите, ќе ја имаме честа да почнеме од него со рушење. Зошто го кажувам ова, бидејќи неселективниот пристап е најважен. Нема потреба да се партизира и политизира оваа работа. Секој си носи одговорност за постапките, рече Османи за дивоградбата кај чинарот во Охрид, пренесува Фокус.

На прашање дали по инцидентот ДУИ ќе го исклучи од партијата Нефи Усеини, Османи рече:

-ДУИ нема да поддржи или заштити некој доколку го има прекршено законот. И во делот на дивоградбите пораката е да се почне со неселективно рушење на сите дивоградби, не само во Охрид, туку низ целата држава – рече Османи.

Коронавирус