четврток, 22. јули 2021. Вести денес: 204
home Вести

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје и да се обратам на собраниска Комисија

Османи: Ќе вложам напори во среда да бидам во Скопје и да се обратам на собраниска Комисија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека ќе ги вложи сите напори во среда да биде во Скопје и да се обрати пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието. Побара од пратеникот Антонио Милошоски, претседател на Комисијата да ја закаже и седницата и да бидат избрани новите амбасадори.

-Ќе ги вложам сите напори да ја прекинам тековната дипломатска офанзива за во среда на неколку часа да бидам во Скопје за да се обратам пред пратениците и членовите на Комисијата за надворешна политика во Собранието на Република Северна Македонија. Очекувам најмалку со иста ревносност претседателот на Комисијата, Антонио Милошоски, да ја закаже и седницата на која ќе ги претстават тезите и избраните амбасадори, со што ќе се отвори патот за нивно упатување во земјите на покривање, напиша Османи денеска на Фејсбук.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за надворешна политика Антонио Милошоски денеска соопшти дека за среда во 15:00 часот ќе закаже седница на Комисијата и ќе го повика министерот Османи да ги претстави предлог Акцискиот план и предлог-патоказот за кои премиерот Зоран Заев и специјалниот пратеник Владо Бучковски преговараат со Софија.

Милошоски, кој ова го објави на својот профил на Фејсбук, напиша исто така дека протестите на опозоциската партија продолжуваат и во понеделник и во вторник пред Министерството за надворешни работи од 17 до 19 часот. (МИА)

Коронавирус