среда, 23. септември 2020. Вести денес: 129
Во живо

Протест на ВМРО-ДПМНЕ против неправдите, реваншизмот и насилството на мафијата на Заев

home Вести

Османи ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Цакај

Османи ќе се сретне со шефот на албанската дипломатија Цакај

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има билатерална средба со овластениот министер за Европа и надворешни работи на Република Албанија Гент Цакај, кој ќе престојува во официјална посета на Република Македонија.

Како што соопшти МНР, главни теми на средбата се очекува да бидат соработката меѓу Македонија и Албанија во остварувањето на заедничките стратешки цели за членство во Европската унија, состојбата со билатералните односи и можностите за понатамошната соработка и нивно унапредување, соработката во НАТО, состојбите со актуелната глобална здравствена криза и други прашања од заеднички интерес и значајни за нашиот Регион.

За време на официјалната посета, министерот Цакај ќе биде примен и од претседателот на Собранието Талат Џафери, од претседателот на Владата на Зоран Заев и од други високи претставници на државата.

Коронавирус