четврток, 26. ноември 2020. Вести денес: 101
home Вести

Османи и во 2019 беше убеден дека ќе се започнат преговорите со ЕУ: Во тогашната изјава за прв пат дури го откри и месецот (ВИДЕО)

Османи и во 2019 беше убеден дека ќе се започнат преговорите со ЕУ: Во тогашната изјава за прв пат дури го откри и месецот (ВИДЕО)

На новинарското прашање дали е реално на 17 октомври Европскиот совет да даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија со Европската унија, уште минатата година сегашниот министер за надворешни работи Бујар Османи изјави дека очекува позитивен одговор.

Тој со радост во очите минатата година како што самиот изјави за прв пат во јавноста откри оптимистички дека очекува да започнат преговори за влез во ЕУ.

-Само дилемата е иако сметам дека тоа ќе биде декември 2019 година за започнување на првата меѓународна конференција, тука не можам да кажам дали декември или јануари кога технички ќе биде спремен процесот, меѓутоа сум убеден дека добиваме датум за започнување на преговори, велеше Османи во 2019 година.

Една година подоцна, работите не само што стојат во место, туку и се влошија откако неспособноста на оваа влада ја потврди самата Бугарија пред само неколку дена кога го притисна црвеното светло за отпочнување на преговорите помеѓу Македонија и ЕУ.

Инаку неодамна бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева изјави дека за Македонија во моментов нема место во Европската унија се додека не ја промени својата историја.

Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, за која, за жал, гледаме дека ја води Скопје. Ние сме земја-членка на Европската Унија. Ова го изјави за БНТ неодамна вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева по повод сè уште отворените прашања со Република Северна Македонија, кои се на дневен ред.

– РС Македонија ќе има место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов Бугарија не смета дека е подготвена – вели Захариева.

Како што пренесува БГНЕС, Бугарија продолжува да биде поддржувач на проширувањето на членството во ЕУ. Според Захариева, властите во Скопје погрешно процениле дека Бугарија може да се „притисне“ и да се смени позицијата.

Таа ја советува земјава да не се откажува од првата тешкотија со која се соочуваат на патот – одобрувањето на Рамката за преговори.

– Тешкотиите допрва следуваат, процесот не е лесен. По тој пат тргна и Бугарија. Потоа, кога страстите ќе стивнат, вклучително и во Бугарија, и некој ќе почне да размислува помалку емотивно, кога ќе престане да се придржува кон градење на држава заснована единствено на антибугарската идеологија – тогаш тие ќе добијат многу повеќе. Од вистината не може да се избега – додава Захариева.

Инаку Вчера Османи за медиумите изјави дека нивна задача е да бидат оптимисти и да работат за подобрување на иднината, иако истото го ветуваше и го говореше минатата година кога беше убеден дека ќе започнат преговори со Европската унија.

Коронавирус