петок, 25. септември 2020. Вести денес: 24
home Вести

Османи: Двоглавиот орел значи јас сум Албанец, ако на некој му пречи- негов проблем (ВИДЕО)

Османи: Двоглавиот орел значи јас сум Албанец, ако на некој му пречи- негов проблем (ВИДЕО)

Двоглавиот орел значи порака- јас сум Албанец. И тоа е знак на идентификација, ако некому му пречи дека јас јавно се изразувам дека сум Албанец, тоа е негов проблем, не мој, истакна вицепремиерот Бујар Османи, кој потенцираше и дека веќе е почната примената на Законот за употреба на јазиците и дека тој лично денеска ги потпишал првите документи на два јазика.

-Демантирам дека тој знак рефлектира националистички и големоалбански претензии. Кога ќе бидете на Монт Еврест и го правите тој знак, тоа значи дека сте Албанец, вели Османи.

Во однос на реакциите по објавувањето на фотографијата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, каде што симболизираат двоглав орел, Османи вели дека тоа е знак на идентификација дека е Албанец.

Коронавирус