четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

Оркестриран напад на СДСМ по заканите на Заев кон новинарите (ФОТО)

Оркестриран напад на СДСМ по заканите на Заев кон новинарите (ФОТО)

По скандалозната изјава на премиерот Зоран Заев вечерва дека нема да дозволи еден суетен новинар и педер заедно со се неколку криминалци да ја урнат владата на СДСМ целата јавност е речиси на нозе.

И додека новинари, здруженија и јавни личности ги осудија двете навреди на Заев, оркестрираните напади во режија на СДСМ не стивнуваат.

Имено како и самиот Бранко Героски како што кажа во гостувањето на телевизија Алфа стравува по својата безбедност и на неговото семејство, откако вечерва се соочил со лавина навредувачки коментари на социјалните мрежи.

 

„Геро мислам дека изјавата на премиерот не е против тебе затоа не прави паника“, „Кој си ја има мувата на капата, штом вака рипа, сигурно е умешан и он…“, „До вчера цела јавност ја замајуваше, сега јајцето на газот, па плачеш“, се само дел од коментарите упатени до новинарот Героски.

Инаку навредливи коментари има и под постот на новинарот Огнен Јаневски.