вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 179
home Вести

Оризoпроизводителите од Кочанско излегуваат на протест: Цените се депресивни

Оризoпроизводителите од Кочанско излегуваат на протест: Цените се депресивни

Во вторник, на 12 Октомври, оризарите од Кочанско ќе излезат на протест бидејќи министерот за замјоделие има арогантен однос кон нив во врска со нивното барање а тоа е минималната цена на арпата да не е под 25 денари. За да биде уште полошо, во ек на жетвата оризот воопшто не се купува, а приносот стои во амбарите.

– Цените се депресивни и се движат помеѓу 15 и 18 денари, цени кои декларативно се споменуваат, меѓутоа откуп воопшто не постои. Значи, земјоделците се во една незавидна ситуација во која не можат да ги сервисираат тековните обрвски. Социјално бил рекол дека, се најранлива категорија, бидејќи во прашање е доведен секојдневниот опстој на тие луѓе, изјави Ставре Јанев, самостоен синдикат на земјоделците.

За покривање на основните егзистенцијални потреби, оризарите предлагаа да се изврши итна исплата на основните субвенции до крајот на месец октомври, а во меѓувреме да се дефинира откупната цена. Според нив, не е логично продукт со производна цена од 23 денари по килограм да се откупува поевтино, а во малопродажба да се продава двојно повеќе.

– На пазарот оризот се продава по 70 и 80 денари, а нам ни го плаќаат 35 денари белиот ориз. Значи, тоа е срамота. Производителот што го произведува нема никаква заработка, а трговецот заработува 100%, изјави Коце Анѓелов, оризопроизводител од с. Облешево.

Ситуацијата е далеку посложена ако се има предвид дека не рентабилното производство го губи интересот кај младите земјоделци, кои масовно се иселуваат.

Најнови вести

Локални избори 2021