сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 47
home Вести

Оризарите на протест: Власта не ги исполни ветувањата, тие се оставени на цедило

Оризарите на протест: Власта не ги исполни ветувањата, тие се оставени на цедило

Оризарите протестираат денес во Облешево.

Тие ја блокираа коловозната лента на патот Кочани-Штип во селото.

Револтирани се на власта која не ги исполни своите ветувања и која ги остави на цедило.

Тие се соочуваат со проблемите околу загарантираната цена која што е за 30-тина проценти помала од онаа која им ја ветуваше премиерот Заев.

За минатата година им беше ветена дополнителна стимулација од 5 денари, но од тоа не добија ништо.

Нивните проблеми се многубројни, а власта засега не покажа интерес да ги реши.