вторник, 19. октомври 2021. Вести денес: 177
home Вести

Организаторот на протестите во Тетово беше уапсен додека давал интервју за телевизијата „Клан Косово“

Организаторот на протестите во Тетово беше уапсен додека давал интервју за телевизијата „Клан Косово“

Осумдневен притвор му е определен на Блерим Ахмеди од Тетово, откако во петокот беше уапсен додека даваше интервју за косовската телевизија Клан Косово.

Додека го даваше интервјуто, интервенирала македонската полиција и беше уапсен како организатор на протестот кој што се случи истиот ден претходно во Тетово, на кој се бараше правда и одговорност за жртвите кои што настрадаа во пожарот во тетовската модуларна болница.

Неговиот адвокат информираше дека тој се товари според членот 384 од КЗ од кој се предвидува од 1 до 5 години затвор.

Инаку, за истиот настан околу протестите во Тетово на кој дојде и до судир со полицијата, уапсени се вкупно 5 лица.

Најнови вести

Локални избори 2021