среда, 18. септември 2019. Вести денес: 100
home Вести

Орце Ѓорѓиевски денеска во посета на Ранковце и Паланечко

Орце Ѓорѓиевски денеска во посета на Ранковце и Паланечко

Орце Ѓорѓиевски од ВМРО-ДПМНЕ денеска беше во посета на Ранковце и Паланечко.

-Ова прекрасно неделно претпладне бев во посета на Ранковце и Паланечко. Заедно со членот на ИК Игор Божиновски и пратеничката Слаѓана Митовска имавме средба со граѓаните во Ранковци, кои најмногу се погодени од неспособноста на власта. Земјоделието тоне, нови фабрики нема, младите се иселуваат, тоа е сликата за Ранковце денес. Ми викаат правете што ќе правите овие да ги смените. Насекаде се чувствува желбата за промени. Граѓаните сакаат да тргнат напред, сакаат државата да се развива.
Потоа заминавме во село Конопница, Паланечко, на манастирот Св. Теодор Тирон присуствувавме на стогодишна традиција – невестинско поклонение, при што младите невести кои склучиле брак помеѓу две Тодорици се поклонуваат во манастирот со нивните свекрви. Овде слушнавме и видовме колку нашиот народ држи до традицијата, до своето културно и духовно наследство. Овде Македонија е мисла, љубов, чувство, татковина…
Со чиста мисла и со јасна цел си тргнуваме од тука. СДСМ мора да падне, стои во неговиот пост на Фејсбук.