среда, 27. октомври 2021. Вести денес: 144
home Вести

Општина Велес никако да ја изведе патната инфраструктура во „Сателитската населба“ на езерото Младост

Општина Велес никако да ја изведе патната инфраструктура во „Сателитската населба“ на езерото Младост

Жителите на т.н. Сателитска населба, лоцирана на Езерото Младост, никако да го добијат патот што им следува. За да стигнат до домовите, морат да возат по несафалтиран и тотално руиниран пат, кој самите го поправаат, а Општина Велес никако да го овозможи она што им следува.

Велат дека нема ни тампон, ни тротоари, никаково улично осветлување, а никој не го ни собира сметот. Сите тие имаат уредно платени комуналии, но општинарите до сега само ветуваат, но ништо не изведуваат.

„Го разгледавме буџетот за 2020 и е малце разочарувачки каде има одвоено само 3,000,000ден за изградба на неколку патишта вклучувајќи и некој во населбава а одвоено 4,000,000ден за кружен тек, да бидеме начисто ние не бараме услуга ние бараме да се направи тоа што ни следува и веќе сме го платиле“ велат граѓанитево дописот до општина Велес, која псотојано им одговара дека работат на случајот, но никако да го направат она што засконски и правно им следува на жителите на оваа населба.

Одговорот од општината на нивните апели е само уште едно ветување, з конкретни адтуми и активности:

„Со градежни активности ќе се започне по завршување на тендерската постапка и избор на економски оператор за асфалтерски работи.“ велат од Општина Велес.

Граѓаните најавуваат дека, доколку Општината не им излезе во пресерет за она што им следува, ќе преземат и поригорозни мерки за остварување и заштита на своите основни права.

Локални избори 2021