четврток, 28. октомври 2021. Вести денес: 212
home Вести

Општина Карпош во врска со асистентите на децата со посебни потреби : Финансиските средства за месец февруари доцнат во поголемиот број на општини

Општина Карпош во врска со асистентите на децата со посебни потреби : Финансиските средства за месец февруари доцнат во поголемиот број на општини

Општина Карпош во врска со нашата претходна вест која можете да ја прочитате ТУКА, објави и писмена реакција која ја пренесуваме во целост.

Писмена реакција на Општина Карпош на текстот на порталот Курир „СКАНДАЛ: Асистентите на децата со посебни потреби на Општина Карпош од јануари до денес добиле едвај 3 илјади денари“

-Во насока на вистинито и објективно информирање на јавноста, сакаме да укажеме дека со насловот на статијата се  добива впечаток дека Општина Карпош не ги исплатила средствата на личните асистенти за децата со посебни потреби, што е  недобронамерна алузија и дезинформација.

Она што е вистина е дека, сепак, овие средства воопшто не се обезбедуваат од Буџетот на Карпош, туку станува збор за трилатерална соработка и договор меѓу UNDP, Министерството за труд и социјална политика и општините.

Средствата за овој проект кој се спроведува додека трае учебната година, во кои спаѓа и исплатата на надоместокот за асистентите, целосно ги обезбедува UNDP.

Службите за образование при Општина Карпош постојано се во комуникација со личните асистенти и целосно им е образложена ситуација.

Штом финансиските средства бидат трансферирани од страна на UNDP, истите веднаш ќе бидат префрлени до асистентите.

Финансиските средства за месец февруари доцнат во поголемиот број на општини каде што се спроведува овој проект, и оттаму крајно тенденциозно е издвојувањето на Карпош од сите останати општини каде што има ангажирано вакви асистенти.

Бараме овие информации и појаснувања да бидат објавени.

Благодариме на соработката, стои во писмената реакција од општината.

Најнови вести

Локални избори 2021