понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Општина Центар го затвори кафе-барот Интермецо, згора на тоа треба да плати и вртоглава парична казна

Општина Центар го затвори кафе-барот Интермецо, згора на тоа треба да плати и вртоглава парична казна

Согласно Законот за заштита од бучава во животната средина, Секторот за инспекциски надзор на Општина Центар, донесе решение во кое на правниот субјект „Фор Фингерс“ ДОО Подружница бр.1 Интермецо Скопје, му се забранува да врши угостителска дејност во законски определен рок од 30 дена, велат од Општина Центар.

– По пријава и континуирани поплаки од страна на жителите на Општина Центар, констатирано е дека локалот и правниот субјект Интермецо ги надминал пропишаните гранични вредности на имисионото право на бучава – стои во соопштението од Општината.

Оттаму додаваа дека на правнот лице веќе му е изречена глоба во износ од 6.000 евра и поради повторно непочитување на законските одредби, на кафе барот Интермецо му се изрекува забрана за вршење дејност.

– Апелираме до сите угостителски објекти да го почитуваат Законот за заштита од бучава во животната средина и да се придржуваат до пропишаните правила и прописи за дозволеното ниво на децибелажа – велат од Општината.

Од Општина Центар велат дека ќе продолжат со редовни и засилени контроли и согласно своите надлежности, ќе преземат поригорозни мерки за санкционирање на сите правни лица – угостителски објекти кои нема да ги почитуваат законските прописи.

Коронавирус