петок, 18. септември 2020. Вести денес: 126
home Вести

Општина Бутел лидер во привремени вработувања, поткуп или потреба?!

Општина Бутел лидер во привремени вработувања, поткуп или потреба?!

Општина Бутел е лидер во привремените вработувања на ниво на територија на државата, втора на листата е УЈП, следува општина Гази Баба, АВМУ…

Дали со ваквиот начин на вработување, власта сака да ги поткупи граѓаните на кои очајно им треба работа, па по принципот на „замачкување очи“ сака да прикаже дека се грижи за нив.

Еве на пример зошто општината Бутел има потреба од толкава бројка на привремени вработувања, а не важи за една од најголемите општини во нашата држава.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку пати обвинуваа за ваквиот начин на вработување, но од Велимир Смилевски, градоначалникот на општината немаше никаков одговор.

Коронавирус