недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 68
home Вести

Општина Битола ги крши законите за превоз во патниот сообраќај и безбедноста со користење на автобусите на ЈСП

Општина Битола ги крши законите за превоз во патниот сообраќај и безбедноста со користење на автобусите на ЈСП

Автобусите на ЈСП Скопје кои беа дадени на припомош во Општина Битола за школскиот превоз, денеска се вклучуваат во сообраќај.

Така еден автобус ќе вози за попладневната смена од Ношпал –Новаци кон Битола. Два автобуси ќе бидат вклучени вечерва од 19 и 45 минути и тоа  една линија кон Бучин и другиот автобус ќе вози кон Могила и Радобор.

Од Општина Битола информираат дека ова е преземно со цел да им се излезе во пресрет на учениците да не губат настава, бидејќи во вечерните термини нема соодветен општински линиски превоз.   

-Користењето на автобусите е решение кое се употребува како привремена мерка, додека не заврши постапката за преговарање со превозниците, која е во тек. Општина Битола има сопствен тендер за нафта и течни горива. Со самата регистрација на возилата и поминат технички преглед, автобусите добиле дозвола за сообраќање.

По усвоените измени на Законот за превоз во патниот сообраќај во Собранието на Р.М., со кој учениците ќе можат да се возат во меѓу општинскиот и општинскиот линиски превоз, Општина Битола е во постапка на изнаоѓање начини за надминување  на негативните состојби со превозот на ученици, стои во информацијата од општина Битола.

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ, Иванчо Тошевски пак смета дека  Општина Битола ги крши  законите за превоз во патниот сообраќај  и безбедност во сообраќајот со тоа што автобусите на ЈСП кои се на припомош на Општина Битола од денеска се вклучуваат во бесплатниот школски превоз.  

-Со овој потег Петровска ги понижи битолчани како никогаш досега. Ова е само потврда на сите наши досегашни обвинувања за неспособноста на Петровска да се справи со обврските кои произлегуваат од функцијата Градоначалник. Во овој случај имаме прекршување на Законот за превоз во патниот сообраќај и Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата согласно кои во моментов:

 – Општина Битола нема право да врши превоз на патници,

– Возилата се со ЕУРО 0 и не ги исполнуваат техничко експлотационите услови,

 – Возилата се постари од 50 години и се небезбедни за превоз на патници.

Дали Петровска е свесна за загрозувањето на безбедноста на учениците и останатите учесници во сообраќајот со ставањето во функција на овие дотраени и одамна исфрлени од употреба возила? Предизборното ветување за современ јавен превоз и набавка на еко возила за вршење на истиот и понатаму останува само една голема лага на Петровска, вели Тошевски, советник од ВМРО ДПМНЕ .

Коронавирус