четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 139
home Вести

Опозицијата и претседателот Иванов се сомневаат дека се прислушкувани и следени, Владата и МВР не демантираат

Опозицијата и претседателот Иванов се сомневаат дека се прислушкувани и следени, Владата и МВР не демантираат

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во последното интервју дадено за „Република“ вели дека се сомнева дека е следен од безбедносните служби.

-Имам отворен сомнеж дека ја следат цела опозиција, затоа е и отворениот сомнеж дека ме следат мене, моите соработници, но и тоа нема да им помогне. На Александар Николоски му објавуваат фотографии од средби на улица. И што мислите не го следеле Груевски и не,знаеле дека заминува?! Како тоа Вучиќ знаел, Албанија знаела, само Заев и Спасовски не знаат. Најмалку што треба да направи Спасовски е да си поднесе оставка веднаш. Човекот ја девалвира одговорната позиција со која не може да се носи, потенцираше лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој и во едно телевизиско гостување потенцираше дека е следен. Одговарајќи на прашање за бегството на Груевски лидерот на опозицијата рече:

–Она што е многу поважно за јавноста е да добиеме одговор како ова се случи? Зошто надлежните институции во оваа држава кој што можам да кажам барем од лично сведочење е дека многу прецизно знаат јас каде се движам и не гледам причина како не би знаеле каде движел Груевски. Но доколку не знаеле тогаш навистина е пропуст на тие институции. Бидејќи станува збор за лице кое што нели веќе беше на начин кој што беше тоа сме го коментирале во минатото осуден на затворска казна од две години. Да престане ова шоу кое го приредуваат Оливер Спасовски и владата и да дојдат до мотивите и помагачите на овој настан, на кој целата македонска јавност беше сведок. Ја охрабрувам истрагата, потребно е расветлување на случајот.

Неодамна и шефот на државата Ѓорѓе Иванов побара од надлежните институции да утврдат одговорност на службите за следење на комуникациите за белешките на Управата за безбедност и контраразузнавање за екс-министерот Миле Јанакиески и бившиот генерален секретар на Владата Кирил Божиновски.

Иванов се сомнева дека незаконски се следат неговите и активностите на неговиот кабиент откако Кривичниот суд потврди дека УБК поседува информации дека двајцата поранешни функцинери и обвинети барале средба со Претседателот за помилување, во спротивно планирале бегство. Јанакиески и Божиновски од средата се во притвор токму поради овие белешки на УБК.

„ Дали се уште незаконското следење на комуникации се прикрива со користење на измислени извори? … Врз основа на ова ги повикуваме собраниската Комисија за надзор над работата на УБК, Советот на јавни обвинители, Судскиот совет и Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации да утврдат одговорност за целиот случај и да го известат Претседателот “, се огласија од Кабинетот на Иванов.

 

Коронавирус