недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 27
home Вести

ООУ „Лазо Ангеловски“ демантира, дека учениците добиле матерјали на српски јазик

ООУ „Лазо Ангеловски“ демантира, дека учениците добиле матерјали на српски јазик

Најостро реагираме и ја демантираме веста на порталот „Курир“ и истата ја сметаме за лажна вест.

Имено, веста дека во ООУ„Лазо Ангеловски“, Скопје, за време на онлајн наставата учениците добиле наставни содржини или тест на српски јазик категорично ја отфрламе и ја демантираме, особено затоа што посочената содржина или „тест“, како што е наведено на посочениот портал, може да се најде на www.e-ucebnici.mon.gov.mk на Македонски јазик како и на Албански, Српски и Турски јазик. Фрапирани сме од непрофесионалноста на авторот којшто не ги проверил овие факти.

Сметаме дека со вакви лажни и непроверени вести се нарушува угледот на наставниците што предаваат во посоченото одделение, како и на сите вработени во училиштето и на самото училиште коешто се истакнува во спроведувањето на онлајн наставата, но и во наставата генерално.

Објавувањето на вакви непроверени и лажни вести од страна на посочениот портал директно го руши и угледот на образовниот систем во државата.

ЕУРО 2020

Македонија