вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Оние кои сакале вакцинирање против корона се подготвувале уште во август 2020 година, а Македонија има едно големо ништо!

Оние кои сакале вакцинирање против корона се подготвувале уште во август 2020 година, а Македонија има едно големо ништо!

И додека во Македонија се уште слушаме за вакцини од КОВАКС, од директни преговори, од Кина, а нема никакви, во јавноста излегуваат информации од кога и како се подготвувале државите кои сакаат навистина вакцинација, а истата сега и се случува кај нив. Истражувањата или делови од нив веќе може да се прочитаат и во Фајненшл Тајмс, Политико, Економист, Велт, Ле Монд и Шпигел. Или американските и европските договори се објавени и се веќе јавно достапни, а во Македонија освен контрадикторните изјави нема ништо.

Еве резимирано како течел планот во САД во делот на развој на вакцини против корона вирусот во САД. Нашиот извор вели дека во САД се стартуваше на 29 април 2020 година или токму на тој ден администрацијата на Трамп ја започна операцијата “Warp Speed”, раководена од генералот Густав Перна.

-Планот е прво, јавно-приватно партнерство за развој на вакцини против вирусот, второ, иницијален буџет од USD $ 10 милијарди американски долари, подоцна зголемен на над 18 милијарди, трето, цел на проектот американскиот народ да е вакцинира до крајот на 2020 година, вели нашиот извор говорејќи за американскиот план.

Веќе на 21 мај 2020 година, САД определува дека пет производители ќе бидат поддржани во трката за развој на вакцината и тоа: Модерна, АстраЗенека, Фајзер, Џонсон и Џонсон и Мерк.

Летото или 22 јули 2020 година, американската влада, преку операцијата “Warp Speed” склучува договор вреден USD $ 1,95 милијарди американски долари за купување на 600 милиони дози од нивните вакцините, од кои што 100 милиони требало да бидат испорачани до крајот на 2020 година

Во декември 2020 година, американската Агенција за храна и лекови дозволи итна и вонредна употреба на вакцината на Фајзер.
Нашиот извор говори и за планот во рамки на ЕУ или на 17 јуни 2020 година Европската комисија ја претставува Европската стратегија за вакцинација, која цели кон развој, изработка и примена на вакцина против коронавирусот КОВИД – 19.

Првата спогодба со британско-шведската компанија АстраЗенека ЕУ ја склучува на 14 август, а самиот договор за купопродажба на вакцините од оваа фирма е потпишан на 27 август 2020 година.

Вториот договор ЕУ го потпишува на 18 септември со француската компанија Санофи и Глаксо Смит Клајн за купување 300 милиони единици од вакцините.

-Информациите велат дека овој договор веројатно пропадна затоа што компаниите доцнат со развој на нивниот производ, вели нашиот извор.

Што следи потоа.

На 7 октомври 2020 година ЕУ го потпишува третиот договор со фирмата Jансен фармацеутика, дел од концернот Џонсон и Џонсон за испорака на 200 милиони единици, со опција за уште дополнителни 200 милиони единици. Но, и овој догоцор е уште под знак прашалник.

Договорот со Фајзер, компанија која го има најнапредниот прозивод, е склучен дури на 11 ноември 2020 година за купување до 300 милиони дози.

Потоа на 16 ноември 2020 година, ЕУ го склучува договорот со германската фирмата КјурBak од Тибинген, град со извонреден универзитет, специјализиран за медицина, за купување до 405 милиони дози. Датумот за испорака го нема. Договорот со Модерна за купување на 80 милиони дози, со опција за уште 80 милиони е склучен на 25 ноември 2020 година.

ЕУРО 2020

Македонија