вторник, 22. септември 2020. Вести денес: 150
home Вести

Оние кои не вредат пет пари, според Заев, сега ќе управуваат со цела држава

Оние кои не вредат пет пари, според Заев, сега ќе управуваат со цела држава

Оние кои не вредат пет пари, односно кадри од ДУИ, како што кажа Зоран Заев во изборната кампања, сега ќе раководат речиси со цела држава. Во овој владин состав, покрај тоа што ќе има шест министри Албанци, тие ќе имаат и осум заменик министерски места од вкупно 19 министерства.

Повикувајќи се на свои извори, телевизија Алсат пишува дека владините коалициони партнери се договориле ДУИ да добие заменици министри во одбрана, внатрешни работи, финансии и образование, а Алијансата за Албанците ќе има заменик-министер за труд и социјална политика и за транспорт и врски.

Во медиумите се појавија имињата на можните замениците министри од редовите на ДУИ, кои нели според зборовите на Заев не вределе ни пет пари. Овие информации ги потврди првиот вице премиер, Артан Груби во синоќешното гостување на вториот канал на МТВ.

Груби рече дека Назим Буши ќе биде заменик министер за внатрешни работи, Агим Нухиу за правда, Беким Реџепи за транспорт и врски, Башким Хасани во одбрана и Илир Хасани во министерство за здравство.

Од командант на УЧК, преку директор на Македонски телеком, до заменик министер за внатрешни работи. Медиумите на албански јазик пишуваат дека Назим Буши, кој до скоро беше директор на Македонски телеком е поранешен командант на УЧК кој дејствувал во карадачкиот регион во Куманово и Скопје. За време на воениот конфликт во 2001 година тој ги напушти редовите на македонската армија и се приклучи на УЧК.

Непочитувач на закони и прописи ќе биде втор човек во министерство за правда. Агим Нухиу, доскорашен заменик министер за внатрешни работи се сели во правда. За него, просветен испектор пред една година, откри дека Нухиу, додека ја извршувал функцијата заменик министер за внатрешни работи, на незаконски начин се стекнал со звање професор на Тетовскиот Универзитет.

Беким Реџепи ќе биде заменик министер за транспорт и врски. Во 2012 година, односно една година по положувањето на правосудниот испит беше избран за членна Судски совет, кој требаше да ја оценува работата на судиите кои се со долгогодишно работно искуство, и со дополнително професионално усовршување на Академијата за судии и јавни обвинители. Важи за човек, близок до градоначалникот на Сарај, кој инаку е поранешен министер за правда и кој важи за еден од влијателните лица на ДУИ кој не беше задоволен од изборот на Али Ахмети за членовите владата.

Според Груби, за заменик министер за одбрана ќе биде назначен Башким Хасани. Тој беше шеф на кабинет на поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта и бил негова десна рака во општината. Хасани во Гостивар е познат и како висок функционер на огранокот на ДУИ и човекот кој најчесто ги држи прес конференциите кога треба да се нападне актуелниот градоначалник, Арбен Таравари. Моментално е заменик директор на Управата за финансиска полиција, позиција која не соодејствува со неговиот профил на образование, дипломирал на Факултетот за физичко и здравствено образование при скопскиот Универзитет Св. Кирил и Методиј.

Илир Хасани, кој треба да биде заменик министер за здравство, моментално е директор на Ургентниот центар, при комплексот клиники Мајка Тереза. За него посојат сомневања дека е вклучен во аферата „Шпански село 2“, во која што Хасани бил косопственик на земјиште во скопско Нерези со сопругата на министерот за здравство, Венко Филипче, која е и сопственик на фирмата „Синерџи“. Синерџи од Клиниката за трауматологија, ортопедија, реанимација, анестезија, интензивно лекување и Ургентен центар, според јавно достапните податоци во периодот кога Илир Хасани директорува, добива повеќе од 3,7 милиони евра.

Илир Хасани од 2017 година е директор на Ургентниот центар, Клиника за трауматологија и на Клиниката за анимација, реанимација и интензивно лекување. Во 2017 година е именуван и за национален советник на министерот за здравство. Значи, станува збор за близок човек на министерот Филипче, кој што потоа го наименува за советник и кој што купува имот заедно со добитник на тендери од министерство за зараство и со таткото на сопругата на министерот.

Најнови вести

Коронавирус