недела, 24. октомври 2021. Вести денес: 31
home Вести

ОН: Заедничка средба Нимиц-Димитров-Коѕијас во Виена на 30 март

ОН: Заедничка средба Нимиц-Димитров-Коѕијас во Виена на 30 март

Прес – службата на ОН поладнево ја потврди информацијата што претходно ја објавија македонското и грчкото МНР дека шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Димитров и Никос Коѕијас ќе имаат средба со медијаторот Метју Нимиц на 30 март во Виена.

– Метју Нимиц, специјалниот претставник на Генералниот секретар ќе има заедничка средба со Никос Коѕијас, министер за надворешни работи на Република Грција и Никола Димитров, министер за надворешни работи на поранешната Југословенска Република Македонија на 30 март во Виена. Средбата е дел од напорите на ОН за посредување меѓу двете земји за наоѓање заедничко прифатливо решение за прашањето за името, се вели кусото соопштение од прес-службата на ОН.

Димитров и Коѕијас, пред новата рунда разговори со Нимиц, ќе имаат билатерална средба во Скопје во четврток кога грчкиот Министер за надворешни работи ќе дојде во официјална посета на Македонија. (МИА)

Локални избори 2021