вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 98
home Вести

Оливера Трајковска: Саботната средба на СДСМ во Куманово беше многу срамна ситуација

Оливера Трајковска: Саботната средба на СДСМ во Куманово беше многу срамна ситуација

Во емисијата „Вин Вин“, Оливера Трајковска зборуваше за состанокот во Куманово каде повеќе функционери на СДСМ имаа посета со граѓаните на Куманово каде потоа неколку функционери на СДСМ беа позитивни на ковид 19, а некои заминаа во самоизолација. За целата ова систуација Трајковска истакна дека таа саботна средба била доста срамна затоа што премиерот на 15 дена оди во самоизолација и тоа поради ситуација во сопствениот град каде оди да спие, дури тоа е и за хумористични емисии.

-Владата држи онлајн седници, а вие не можете да организирате еден партиски сотанок онлајн и тоа навистина не ми е јасно. Саботната средба не доведе во навистина срамна ситуација дека премиерот на безмалку на 15 дена оди во самоизлоација и тоа поради ситуација во сопствениот град каде оди да спие, дури тоа е и за хумористични емисии. Зошто не внимавате, што е тоа толку битно што Славјанка може да го направи на партиски состанок, а не може да придонесе за авторитетот на партијата, политиката извршувајќи ги само компетентно своите обврски во министерството, рече Трајковска.