петок, 13. декември 2019. Вести денес: 122
home Вести

Оливер Спасовски открива дека Заев лажел за Верушевски

Оливер Спасовски открива дека Заев лажел за Верушевски

Спротивставени изјави на лидерот на СДСМ Зоран Заев и поранешниот генерален секретар на партијата Оливер Спасовски околу ангажманот на Зоран Верушевски во СДСМ.

-Ѕвонко Костовски и Ѓорѓи Лазаревски велат ние ги дававме на професорот Верушевски и толку требале да знаат во тој момент тие ги давале во СДСМ претставени преку шефот за комисијата за безбедност, Верушевски и правно формално се давани на СДСМ, изјави премиерот Заев.

Но поинакво толкување даде поранешниот генерален секретар Оливер Спасовски.

На новинарско прашање во емисијата Топ тема упатено до Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски дали Верушевски бил член на комисијата за безбедност на СДСМ, Спасовски вели дека додека тој бил генерален секретар на партијата Зоран Верушевски не бил ниту претседател ниту пак член на комисијата за безбедност на СДСМ, туку бил човек кој само соработувал во тој сегмент.