недела, 27. септември 2020. Вести денес: 32
home Вести

Оливер Спасовски-непоколеблив пријател на криминалот

Оливер Спасовски-непоколеблив пријател на криминалот

Криминалното подземје не престанува со пресметки, расте бројот на убиства посебно на оние нерасчистените. Криминалците добија сила, па грабежите и физичките напади станаа секојдневие.

Граѓаните, оправдано, живеат во страв и се чувствуваат небезбедни во својата држава. Без грижа и без страв живеат единствено криминалците и локалните моќници кои знаат дека додека е оваа власт, тие нема да бидат казнети за кривичните дела кои ги прават.

Полицијата, која треба да се грижи за безбедноста на народот, изминативе години е под раководство на Оливер Спасовски.

Полициските билтени секој ден се преполни со кривични настани од цела Македонија. Најголемиот дел од нив остануваат нерасчистени, од запален автомобил до убиен човек.

Главниот град на Македонија се почесто станува арена на вооружени пресметки, најчесто криминални. Инцидентите зачестија, а вознемиреноста и стравот кај граѓаните се зголеми.

Но, Спасовски наместо да води бескомпромисна битка против криминалот, тој се постави како негов пријател.

Пред неколку дена беше застрелан Борис Мутков – Фантом, додека се движел со возило, по што бил пренесен во приватна болница за укажување помош.

Фантом важеше за пријател и соработник до Џелал Ајети – Џељо од Арачиново, водач на криминалната група „Беланоца“ која се бавеше со лихварство и трговија со дрога.

Само неколку дена претходно, јавноста беше сведок на убиство кое во вечерните часови се случи во населбата Тафталиџе.

Сопственик на продавница, по расправија со зет за сестра, со пиштол го усмрти шурата, додека неговиот син го повреди. Како причина за убиството се наведуваат нарушени семејни односи и нарушени имотно – правни односи.

На почеток на минатиот месец полицаец беше повреден од огнено оружје откако е обидел да запре две лица за кои се посомневал дека ќе извршат кривично дело. Настанот се случил пред продажен објект на улицата „Методија Митевски“ .

Се уште е свежо сеќавањето на вооружениот напад кој се случи во хотелот Александар Палас. Во јавноста се појавија многу информации, а МВР соопшти дека било пукано кон пет лица кои седеле во ресторанот на хотелот, од страна на три лица.

Во врска со пукањето во „Александар Палас“, од ВМРО-ДПМНЕ истакнаа дека јасно се потврдува тезата дека во Република Македонија постои тесна врска помеѓу подземјето и министерството за внатрешни работи.

-Целата македонска јавност знае дека во Скопје има два нарко картела кои што се директно заштитени од две различни групации од министерството за внатрешни работи. Тоа што се случуваше во Александар Палас во 21-ви век е само потврда за сето она што ние го говориме изминатиот период. Во Палас имаше класична пресметка помеѓу две групации штитени од полицијата, едната е Арачиново другата е Грчец, а сега во моментов се гонат оние кои беа мета на ликвидација, а не оние кои што беа напаѓачи, изјави Орце Ѓорѓиески од ВМРО-ДПМНЕ.

На социјалните мрежи граѓаните коментираат се случува вистински ужас и црнила. Сметаат дека не се безбедни, а дадените ветувања на Спасовски се покажале како лажни.

Убецот на момчето кое со месеци беше исчезнато, полицијата не може да го најде. Пино беше крвнички убиен, но криминалецот е на слобода.

Во бегство е и осудениот убиец на Мартин Нешковски, Игор Спасов. Убиството како тажен случај СДСМ го искористи во партиска кампања пред изборите. Тогаш убиецот беше во затвор, а денес е на слобода.

Убиецот на Мартин Јанушев долг период беше недостапен за органите на прогонот. Полицијата под водство на Спасовски не можеше да го најде, па тој си се пријави сам во Шутка.

Неколку убиства се нерасчистени, а МВР ги крие криминалците.

Спасовски се става во заштита на криминалците кои се блиски до неговата партија. Градоначалникот на Шуто Оризари, Курто Дудуш претепа сограѓанин и го држеше како заложник. Но, за истото не одговараше бидејќи неговиот пријател и сопартиец Спасовски му го чуваше грбот.

Додека Спасовски е министер за внатрешни работи, специјалната јавна обвинителка заедно со сопственик на телевизија го прават „Рекет“. Бизнисмени биле жртва на рекетирање поради моќта на Катица Јанева, а државата не направи ништо да ги заштити. Блискоста на Спасовски со првоосомничениот Боки 13 е очигледна.

Огромен број на осудени криминалци добија амнестија и излегоа од затвор. Сега тие се низ улиците, а секојдневните кражби и напади очекувано се поврзуваат со оваа одлука донесена во време на Спасовски.

Оливер Спасовски со своето работење изминативе години покажа дека енепоколеблив пријател на криминалот. Но, наместо да поднесе оставка тој од Заев доби награда. Така, во техничката Влада, Спасовски ќе биде премиер на Македонија.

Коронавирус