четврток, 9. април 2020. Вести денес: 176
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Околу 40 полициски кадети од класата 2017/2018 без договор за вработување

Околу 40 полициски кадети од класата 2017/2018 без договор за вработување

Околу 40 кадети од последната класа 2017/2018 година останале без договор за вработување и покрај тоа што Министерството за внатрешни работи вети дека ќе бидат обезбедни средства за сите 609 полициски службеници кои успешно ја завршиле обуката.

– На први јуни беа повикани само 565 колеги од нашата класа да потпишат договори за вработување, а ние останавме изманипулирани без притоа никој да ни одговори зошто не сме повикани да потпишеме договори, истакна Дарко Петковски, еден од кадетите кој не бил повикан да потпише договор.

Тој нагласи дека на останатата група, што не била повикана да потпише договор, се уште не и е јасно зошто не се повикани да го сторат тоа и покрај тоа што тие успешно ја завршиле обуката, а при тоа не биле ниту последни на ранг листата, ниту пак имале недостиг на бодови.

– Побаравме да се сретнеме со министерот за внатрешни работи, но се уште немаме добиено одоговор, посочи Петковски.

Тој истакна дека нема да дозволат некој самоволно, без никакво објаснување да „ги остави на улица“.

– Очигледно во МВР станува пракса да се спроведува самоволие врз сите класи на полицајци, да не се почитуваат законите и да се уништува желбата за работа на младите полицајци, рече Петковски.

МИА

Коронавирус