понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 139
home Вести

Околу 300 војници на располагање на болниците, невооружени и само како превентивно обезбедување

Околу 300 војници на располагање на болниците, невооружени и само како превентивно обезбедување

Војската излегува на терен. На барање на Министерството за здравство скоро 300 припадници на АРМ и 150 полицајци ќе бидат ангажирани за обезбедување на болниците ширум земјава каде се лекуваат болните од Ковид 19.

Уште утре стотина војници ќе ги придружуваат полицајците. Ќе бидат распоредени во Клиничкиот центар односно таму каде што има голема раздвиженост на граѓани, но војска нема да се праќа пред приватните болници оти тие располагаат со сопствено0 обезбедување.

Според најавите на Главниот штаб при ЦУК, во зависност од проценките, Армијата ќе се распределува и во другите градови.

Состојбата од аспект на безбедноста, според Анелов, е под контрола и инцидентите се изолирани и ретки.

Одлуката за распоредување на АРМ е прва конкретна мерка како дел од акцискиот план за справување со ширењето на корона вирусот кој има 17 точки. Зелено светло дал Управувачкиот комитет со кој раководи министерот за внатрешни Оливер Спасовски, но наредбата за ангажман треба да дојде од шефот на државата Стево Пендаровски.

Триесетдневната кризна состојба на територијата на целата земја беше прогласена во петокот а ЦУК ќе биде телото кое што во следниот период ќе биде главен координатор на сите институции и ќе им дава насоки што треба да прават за успешно справување со епидемијата.

Најнови вести

Коронавирус