сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Околу 30 проценти излезност во Амбасадата на Македонија во Белград

Околу 30 проценти излезност во Амбасадата на Македонија во Белград

Вкупно 60 македонски државјани во Србија денеска од 07.00 до 19.00 часот го остваруваат своето граѓанско право за избор на нов претседател на земјава. До 13 часот излезеноста е околу 30 проценти. Гласањето тече без проблеми и ќе трае до 19 часот кога се затвора гласачкото место, јави дописникот на МИА.

-Гласањето почна на време и тече без проблеми. Излезеноста до 13 часот е околу 30 отсто, изјави в.д. амбасадорот Александар Поповски и претседател на Избирачкиот одбор на избирачкото место 5025 во Амбасадата во Белград.

Македонските државјани во Србија втор пат гласаат на претседателските избори. Пред пет години во Белград гласаа 241 граѓанин.

 

Коронавирус