среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

ОК ВМРО-ДПМНЕ Вевчани: Вевчани го има најкатастрофалниот градоначалник од СДСМ, без проекти и идеи за општината

ОК ВМРО-ДПМНЕ Вевчани: Вевчани го има најкатастрофалниот градоначалник од СДСМ, без проекти и идеи за општината

ОК ВМРО-ДПМНЕ Вевчани на прес конференција го обвинија градоначалникот од СДСМ Сашо Јанкоски дека две не реализирал ниту еден проект од ветените проекти за жителите на општина Вевчани, како и дека поради немање на свои проекти ги довршил проектите започнати од ВМРО-ДПМНЕ. После две години на неработење, безидејност, некреативност и лошо владеење на Јанкоски и СДСМ можеме да видиме дека започна со довршување и реализирање на проекти од програмите на ВМРО ДПМНЕ.

Од тука сакаме да му се заблагодариме за реализацијата и одважноста да ја спроведува програмата и проектите на ВМРО ДПМНЕ, вели координаторот на советнничката група Јовица Лешоски.

Лешоски додава дека општина Вевчани има целосно промашен буџет, односно како што рече најмал и најмалку реализиран буџет во втората година во области како капитални инвестиции, економска програма, туризам, култура, потенцирајќи дека ова е најлошото владеење во историјата за граѓаните и за општина Вевчани. Во изминатите две години Вевчани има техничкиградоначалник,кој непредложил ниту еднаидеја, визија,проект кој ние советниците би го гласале. Наспроти тоа имаме целосно промашен буџет за првата година и и друго. Буџет кој не носи никаков напредок.

Имаме само буџет за плати и тековни обврски. Ова е најлошо владеење во историјата на Општина Вевчани. Обновата на Македонија започнува на 12 април, тогаш започнува и обновата на Вевчани, заврши Лешоски.

Коронавирус