вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: СДСМ наместо да прави политичка поделба на земјоделците, треба да се фати за работа и да сработи нешто за Кавадарци

ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: СДСМ наместо да прави политичка поделба на земјоделците, треба да се фати за работа и да сработи нешто за Кавадарци

СДСМ три години нема направено ништо за Кавадарци. Развиеноста на градот се должи на добрите економски политики на ВМРО-ДПМНЕ во минатото и инвестициите кои поради тоа дојдоа во градот.

СДСМ не донесе ниту една нова инвестиција, ниту креираше додадена вредност за економијата, вели Никола Трендафилов од ВМРО-ДПМНЕ, на денешната прес конференција како резултат на вчерашната трибина на СДСМ во Кавадарци. Од ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат дека земјоделието кое е клучна гранка за градот и за кавадарчани е уништено од страна на власта, како и дека ветувањата на премиерот Заев за сигурен откуп и висока откупна цена не се реализирани.

Земјоделието кое е клучна гранка за градот и околината е уништено. Откупната цена на грозјето е очајно ниска. Заев од тука од Тиквешијата пред тракторска приколка ветуваше сигурен откуп и високи откупни цени. Дојде на власт и веќе три години откупот стагнира, а цените никогаш не биле пониски, кажа Трендафилов. Тредафилов нагласи дека СДСМ наместо да прави политичка поделба на земјоделците, да се ангажира и да направи нешто за граѓаните на Кавадарци. Незнаејќи како да ја оправда катастрофата на земјоделски план, власта ги бележи земјоделците како партиски членови.

Почитувани господа од власта, наместо во лов на вештерки насочете се овие неколку месеци што ви останаа како власт да направите нешто за граѓаните и земјоделците. Наместо да се сликате по скапи ресторани и луксузни коктели можевте да ја подобрите сликата за земјоделието. Имавте шанса и ништо не направивте. Време е да си заминете. На 12 април ќе добиете црвен картон од граѓаните. Доаѓа време за обнова на Македонија, порачуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци

Најнови вести

Коронавирус