четврток, 27. февруари 2020. Вести денес: 34
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Низа сомнежи за сторен криминал го тресат тендерот за набавка на нови автобуси

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп: Низа сомнежи за сторен криминал го тресат тендерот за набавка на нови автобуси

Во неполни 2 години од мандатот на актуелната владеачка гарнитура, градскиот превоз беше целосно уништен и руиниран. Автобусите со месеци доцнат и по цел час, линиите се намалени, а дел од автобусите и целосно расипани, велат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

-Сега општината и градоначалникот Јованоски набавија 4 автобуси во вредност од неверојатни 1 милион евра, набавка која според нашите сознанија ја следат низа контроверзии и можни криминални активности. Прашуваме!

Дали тендерот за набавка на четирите автобуси на кој како единствен понудувач се појавува фирмата Аутомакедонија АД Скопје е еднаш поништен поради недоставена банкарска гаранција?

Дали и при повторниот тендер единствен понудувач била истата фирма и како е можно почетната цена на тендерот да не биде намалена?

Во игра ли се одредени лични бизнис интереси и договори во четири очи?

Која е потребата за новите автобуси да возат на метан, а во Прилеп не постои ниту една метан станица?

Вистина ли е дека автобусите ќе се полнат со гориво во Битола и дали и во тој поглед бизнис интересите и роднинските врски се во прв план?, прашуваат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.