недела, 9. август 2020. Вести денес: 70
home Вести

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци ги сруши амбициите на Јанчев: Партијата не е на распродажба, Мицкоски е легитимен лидер кој победи во 42 општини

ОК на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци ги сруши амбициите на Јанчев: Партијата не е на распродажба, Мицкоски е легитимен лидер кој победи во 42 општини

Претседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци, Зоран Јованчев на својот Фејсбук профил напиша статус во кој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ е партија која што се залага за зачувување на македонските национални интереси, продолжување и шириње идеата на Гоце, Даме, Карев, Ченто, Богдановски, но и плејада на родољубиви патриоти кои животот го посветија на самостојна и суверена Република Македонија. Тој исто така напиша дека партијата не е на распродажба.

Во продолжение може да го прочитате целосниот статус.

Исто така и потпретседателот на ОК ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци Слободан Ивановски, сподели статус на својата Фејсбук страница во кој истакнува дека брендот ВМРО- ДПМНЕ го посакувале многумина, мислејќи дека преку тој бренд ќе си ги задоволат своите лични интереси.
-Сепак брендот им припаѓа на членовите и на сите оние кои изминативе години чесно и искрено работеа за партијата борејќи се против двоецот Заев-Мијалков, напиша тој.

Целосниот статус може да го прочитате во продолжение.

 

Коронавирус