понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 165
home Вести

ОЈО со детали за тешката несреќа во која загина тримесечно бебе: Директен судир на два автомобили, по претекнување на камион

ОЈО со детали за тешката несреќа во која загина тримесечно бебе: Директен судир на два автомобили, по претекнување на камион

На магистралниот пат Кичево – Македонски Брод, вчера попладне околу 17 часот се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби тримесечно бебе, а петмина учесници во сообраќајот се тешко повредени.

Од Основното јавно обвинителство соопштуваат дека веднаш по несреќата од страна на дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево и увидна екипа од Министерството за внатрешни работи е извршен увид на лице место.

-Според првичните информации, несреќата се случила кога возачот на патничко моторно возило марка Голф со охридски регистарски таблички што се движел од Македонски Брод кон Кичево, направил обид за претекување на товарно возило – влекач со приколка марка ТАВ со кичевски регистарски таблици. При претекнувањето, возилото Голф удрило во патничко моторно возило Алфа Ромео со регистарски таблички од Република Словенија, што доаѓало од спротивниот правец. На лице место од здобиените повреди починало тримесечно бебе. Патниците на двете патнички моторни возила со тешки телесни повреди се пренесени во медицински установи за укажување натамошна помош, се наведува во соопштението од ОЈО.

По Наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево прибрани се траги од лице место. Претстои нивно вештачење, како и сообраќајно техничко вештачење за утврдување на околностите за настанот.

Коронавирус