среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 148
home Вести

ОЈО со детали за случајот со повредените војници

ОЈО со детали за случајот со повредените војници

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид во хангарот на АРМ каде при чистење на оружје од воена вежба беа повредени двајца припадници на армијата.

-Според првичните сознанија, настанот се случил кога двајца војници од тимот, по враќањето од воена вежба во Штип, го симнале митралезот тежок 35 килограми кој бил монтиран на хермелин. Во моментот на пренесување на митралезот во хангарот, тој испукал еден куршум кој повредил други двајца војници кои го чистеле оружјето. Надлежниот јавен обвинител разговарал со неколкумина војници кои биле очевидци на целиот настан и кои објасниле дека митралезот неколку пати заглавил и за време на воената вежба во Штип, се наведува во соопштението.

За целосно расветлување на случајот, по наредба на надлежен јавен обвинител ќе биде извршено вештачење на митралезот и на чаурата пронајдена на лице место, а ќе биде прегледан и целокупниот протокол на изведената воена вежба во Штип. Дополнително, ќе биде прибавена и целосната медицинска документација за двајцата повредени војници, кои во моментов се во стабилна состојба и надвор од животна опасност.

Настанот го испитува и Одделението за криминалистика при Воената полиција, кое исто така својот извештај ќе го достави до надлежниот јавен обвинител.

Коронавирус