недела, 5. јули 2020. Вести денес: 20
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Охриѓанец не ја почитувал должноста за самоизолација

Охриѓанец не ја почитувал должноста за самоизолација

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе Предлог за издавање казнен налог против едно лице на возраст од 61 година, жител на Охрид кој го сторил кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

-На обвинетиот на 19 март му била издадено решение од Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат со цел навремено преземање на посебните противепидемиски мерки за заштита на населението од ширење на опасната болест предизвикана од коронавирусот. Тој имал претходен контакт со лице заболено од COVID 19, па бил ставен под здравствен надзор во период од 14 дена со обврска да биде во домашна изолација поради опасност од натамошно ширење на болеста. Но, на 21 март обвинетиот излегол од домот и се упатил во непознат правец, информира Обвинителството.

Со Предлогот за издавање казнен налог, јавниот обвинител побара од судот на обвинетиот да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што секоја глоба да е во висина од 20 евра во денарска противвредност.

Парламентарни избори 2020