среда, 2. декември 2020. Вести денес: 161
Во живо

Протест во Куманово – „Оставка на Заев, слобода на народот“!

home Вести

Охридските хотели ги отворија вратите и нудат бесплатно сместување за 60 жители од Драч

Охридските хотели ги отворија вратите и нудат бесплатно сместување за 60 жители од Драч

Страв ,паника и чувство на несигурност кај жителите од Албанија после катастрофалниот земјотрес.Со оглед на тоа дека по разорниот потрес тлото не се смирува семејставата масовно се иселуваат плашејќи се да останат во нивните домови. Со солзи во очите  Павли од Драч кој е сместен во Охрид раскажува дека после 60 години живеење во Драч не е лесно да се напушти родната земја тој вели дека чекаат стручните лица да направат проценка колку се безбедни нивните згради .

Дел од охридскиот хотели ,вили и приватни апартмани ги отворија портите и нудат бесплатно сместување а рестораните храна.Околу 60тина жители на Драч моментално се сместени во Охрид но бројот според Црвениот крст се очекува и натаму да расте.

Од Црвениот крст од Охрид велат дека семејставата кои моментално се сместени покрај охридското езеро се лица од најзагрозениот дел во Албанија каде имаше најмногу жртви и материјални штети.

ИЗВОР: СИТЕЛ

Коронавирус