петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 27
home Вести

Охисовци бараат да им се исплатат 24 заостанати плати

Охисовци бараат да им се исплатат 24 заостанати плати

Поранешните работници на Охис денска протестираа пред Врховниот суд.

Охисовци дознале дека конечно ќе започне исплатата на парите кои им ги должи државата со години. Се обидоа да влезат во судската зграда и да побараат информација од судија или стечаен управник на кој начин ќе се исплаќаат парите, но одговор не добија. Се жалат дека нивните права се прекршени.

Се сомневаат дека повторно ќе бидат изманипулирани како многу пати досега. Обвинуваат дека дел од екс вработените во некогашниот хемиски гигант се привилегирани и ќе добијат побрзо, но и повеќе пари од останатите работници.

Околу 1.500 работници чекаат заостанати плати од Охис. Најавуваат и радикализирање на протестите.