недела, 7. март 2021. Вести денес: 54
home Вести

Огромен успех на најголемиот интернационален детски натпревар, „Бреинобреин фест 2021“ покажаа дечињата од Македонија

Огромен успех на најголемиот интернационален детски натпревар, „Бреинобреин фест 2021“ покажаа дечињата од Македонија

Шестиот интернационален бреинобреин фест се одржа онлајн на 9 јануари 2021 година.

Во конкуренција со 25.000 деца од 45 земји во светот, сите наши представници се стекнаа со највисоките награди во своите категории според возраст и ниво.

Од 188 дечиња што учествуваа од 10 градови од државата, Скопје, Охрид, Кочани, Битола, Крива Паланка, Прилеп, Велес, Тетово, Куманово и Струмица, сите освоија награди и тоа во следните категории: 25 трофеи и 62 златни медали и 96 сребрени медали и сертификати .

Brainobrain е една од детските лидерски институции, што веќе 17 години успешно ги трансформира животите на децата од целиот свет.

Бреинобреин програмата е иновативна меѓународна програма за развој на интелектуалните и животните вештини и способности кај децата на возраст од 4 до 14 години.
Програмата има две основни цели: целосен развој на мозокот (со користење на Абакус Ментална Аритметика и ВАК методи) и развој на личноста (со помош на НЛП техники).

Коронавирус