петок, 24. септември 2021. Вести денес: 134
home Вести

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

ОГНОТ ЈА ЗЕМА ПРВАТА ЖРТВА – изгоре жена во Старо Нагоричане

Големиот пожар во Старо Нагоричане ја зеде првата жртва.

Жена изгоре во куќата што ја зафатил пожарот. Обидувајќи се да се засолни од оганот, таа се заклучила во куќата и не успеала да се извлече пред пламените јазици.

– Стојанка беше во собата. Не можев да и помогнам. Имаше животинки, ништо не остана. Никој не помогна. Кога се изгоре, тогаш дојдоа. Немам сега за ништо, за леб, вода, апчиња, изјави Стојан кој живеел со Стојанка, пренесува ТВ24.

Инаку од МВР за КУРИР потврдија дека е опожарен дом, но екипите се на терен и повеќе детали како и за тоа дали има жртви најавуваат за наскоро во текот на вечерта.

Коронавирус