понеделник, 21. септември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Огнен Јанески е нов главен и одговорен уредник на Телевизија 24

Огнен Јанески е нов главен и одговорен уредник на Телевизија 24

Новинарот и водител Огнен Јанески од јануари ќе ја преземе функцијата главен и одговорен урендик на Телевизија 24.

Тој соопшти дека ја прифатил понудата за оваа функција и од новата година ќе соопшти за евентуални нови програмски форми.

Тој доаѓа на оваа позиција, откако досегашниот главен и одговорен уредник на телевизија, Младен Чадиковски информираше дека се повлекува од уредништвото, но ќе продолжи да работи како новинар.

Чадиковски вели дека одлуката да се повлече ја донел во моментот кога решил да се кандидира за претседател на Здружението на новинарите.

 

Коронавирус