петок, 27. мај 2022. Вести денес: 106
home Вести

ОФИЦИЈАЛНО: Владата донесе одлука, второто полугодие почнува на први февруари!

ОФИЦИЈАЛНО: Владата донесе одлука, второто полугодие почнува на први февруари!

Стартот на второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари, соопшти премиерот Димитар Ковачевски.

– Оваа одлука ја донесовме на денешната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата.

Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови, соопшти Ковачевски.

Коронавирус