сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 2
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

ОФИЦИЈАЛНО: Уште двајца починати од коронавирус, 259 заразени- еве каде има најмногу случаи во Македонија

ОФИЦИЈАЛНО: Уште двајца починати од коронавирус, 259 заразени- еве каде има најмногу случаи во Македонија

Две лица починале изминатото деноноќие на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби како последица од коронавирусот, со што вкупната бројка на починати во земјава од појавата на Ковид-19 достигна шест лица. Станува збор за пациент на возраст од 91 година, кој бил хоспитализиран пред осум дена и за 31 годишен пациент, кој е хоспитализиран на 23 март.

Кај 31-годишниот пациент, кој е од Скопје, како што информираше на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче, дошло до нагло влошување на состојбата. Тој бил во тешка клиничка состојба и од вчера бил ставен на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 18 нови случаи на коронавирус во земјата. Во текот на прес-конференцијата Институтот за јавно здавје потврди уште 2 позитивни пациенти, така што бројката наместо 16 како што соопшти министерот Венко Филипче на прес-конференцијата изнесува точно 18.

По градови: Штип – 6, Скопје – 3, Велес – 3, Струга – 2, Струмица – 1, Дебар – 1, Тетово – 1, Гевгелија – 1

Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 259 лице.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

– Скопје – 145
– Дебар – 46
– Куманово – 21
– Штип- 14
– Прилеп – 8
– Велес – 6
– Тетово – 5
– Струга- 5
– Охрид – 3
– Кавадарци – 2
– Гостивар – 1
– Битола – 1
– Гевгелија – 1
– Струмица – 1

За неколку дена седум пациенти ќе може да бидат пуштени дома, затоа што тестовите покажуваат дека се негативни на корона вирусот.

Министерот нагласи дека пред нас е најтешкиот период во кој се очекува бројот на заболени да расте.

-Ни претстои за жал и период во кој ќе расте и бројот на починати. За ова сите мораме да бидеме свесни. Денеска имаме и еден млад човек кој што почина. Ова е доказ дека вирусот не штеди никој, никој не е имун, ниту заштитен од него. Стануваше збор за најтешката можна форма на клиничка манифестација на оваа болест, рече министерот за здравство и упати апел до сите граѓани да ги почитуваат препораките.

Коронавирус