четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 0
home Вести

ОФИЦИЈАЛНО: Нови 164 случаи на коронавирус, двајца починати пациенти – Заев оди на избори

ОФИЦИЈАЛНО: Нови 164 случаи на коронавирус, двајца починати пациенти – Заев оди на избори

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1045 тестирања, а регистрирани се 164 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-85, Куманово-24, Дебар-3, Штип-5, Прилеп-3, Тетово-18, Струга-5, Охрид-9, Гостивар-2, Гевгелија-1, Крива Паланка-1, Кочани-1, Македонски Брод-1, Валандово-1, Свети Николе-2, Ресен-2, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 12 оздравени пациенти, во: Скопје-3, Прилеп-6, Струга-1, Велес-1 и Виница-1. Починати се две лица од Скопје и Тетово.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (53г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 2 јуни и потврдена позитивна по приемот. Во болницата во Тетово почина пациентка (60г) хоспитализирана како сомнителна на ковид на 9 јуни.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 3701, бројката на оздравени пациенти е 1694, на починати е 171, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1836. По завршени епидемиолошки анкети и евидентиран еден контролен резулатат, последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје 1676, активни 1040, Куманово 620, активни 202, Дебар 56, активни 5, Штип 232, активни 192,  Прилеп 226, активни 25, Тетово 336, активни 165, Струга 115, активни 39, Велес 149, активни 28, Битола 30, активни 3, Охрид 55, активни 38, Кавадарци 6, активни 1, Гостивар 56, активни 33, Гевгелија 7, активни 3, Струмица 7, активни 4, Крива Паланка 8, активни 2, Радовиш 4, активни 0, Крушево 3, активни 0, Кочани 54, активни 23, Пробиштип 11, активни 9, Демир Хисар 1, активни 0, Македонски Брод 3, активни 1, Пехчево 3, активни 0, Берово 2, активни 1, Валандово 4, активни 3, Виница 3, активни 1, Делчево 1, активни 0, Кратово 3, активни 1, Свети Николе 7, активни 6, Кичево 3, активни 1, Ресен 3, активни 3, Неготино 17, активни 8 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1045 теста се преку: ИЈЗ –353 , ЦЈЗ Скопје-23, Авицена –152, Биотек -95, Жан Митрев (Филип Втори) –166, Систина со PCR метода –114 и МАНУ -142. Досега во земјата се направени вкупно 41.049 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 93 пациенти. На кислородна поддршка се 44 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 16 нови, а вкупно хоспитализирани 60 пациенти. На респираторна машина се 10, a со потешка клиничка слика се уште 11 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 23 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

Најнови вести

Коронавирус